Трговијата на мало очекува подобри времиња

Bez autora
Nov 28 2010

Економската состојба на субјектите од трговијата на мало во третиот квартал од 2010 година е поповолна во однос на третиот квартал од 2009 година, како и во однос на вториот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третиот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на вториот квартал од 2010 година, а нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третиот квартал од 2010 година е малку зголемена во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните оцени за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се многу пооптимистички во однос на претходниот квартал од 2010 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третиот квартал од 2010 година забележале намалување во однос на вториот квартал од 2010 година.

Трговијата на мало очекува подобри времињаЕкономската состојба на субјектите од трговијата на мало во третиот квартал од 2010 година е поповолна во однос на третиот квартал од 2009 година, како и во однос на вториот квартал од 2010 година, објави вчера Државниот завод за статистика.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третиот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на вториот квартал од 2010 година, а нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третиот квартал од 2010 година е малку зголемена во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните оцени за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се многу пооптимистички во однос на претходниот квартал од 2010 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третиот квартал од 2010 година забележале намалување во однос на вториот квартал од 2010 година. Во третиот квартал од 2010 година, во споредба со претходниот квартал, оцената за очекувањата за продажните цени во наредните три месеци е дека ќе се зголемат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik